2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа еврозоната и се заканува дефлација

На еврозоната и се заканува дефлација

Christine Lagarde

Инфлацијата во земјите од еврозоната е под целта кој ја утврди Европската централна банка (ЕЦБ), така што постои потенцијална опасност од дефлација, вели Лагард.

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, го изјави ова на Светскиот економски форум во Давос.

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги потврди дека ЕЦБ е подготвена да одговори во случај инфлацијата да се намали под планираното ниво, додавајќи дека каматните стапку кои ги утврди таа остануваат ниски, со можност за дополнително намалување во идниот период.

За дефлацијата се зборува кога постои општ пад на цените и кога потрошувачката и инвестициите се намалуваат поради очекувања на нови намалувања на цените, предизвикувајќи спирала на пад на цените и платите.

Меѓугодишната инфлација во еврозоната во декември е намалена на 0,8 проценти, што е значително под целната граница од 2,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП