1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWalmart отпушта 2.300 работници

Walmart отпушта 2.300 работници

walmart

Американскиот дистрибутер „Walmart“ планира да угаси 2,300 работни места во своите продавници „Sam’s Club“, што претставува 2 проценти од вкупниот број на вработени во оваа гранка.

Како што пренесува Ројтерс, половина од работните места кои ќе бидат затворени, се однесуваат на вработените со средно висока заработка, а другата половина на оние кои се платени на саат, во продавниците со помал промет.

Истиот извор потсетува дека во текот на последните неколку недели, отпуштања на вработените беа најавени во уште неколку американски трговски компании, како што се „JC Penney“, „Macy`s“ и „Target“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП