8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПривршува откупот на тутунот во Пијанечко-малешевскиот регион

Привршува откупот на тутунот во Пијанечко-малешевскиот регион

tutun123

– На подрачјето од Пијанец и Малеш откупот на тутун од минатогодишната реколта е во завршна фаза. Компанииите „Далија-табак“ од Делчево и „Соко-таб“ од Битола од тутунопроизводителите во општините Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово до сега имаат откупено над 120 тони тутун.

– На ова подрачје беа застапени сортите „прилеп“ и „басмак“. Поради сушното лето приносите по единица површина се под очекуваните, но квалитетот на тутунот е на мошне високо ниво, вели раководителот на „Сокотаб“ Георги Манчев.

Просечната заработувачка на тутунарите се движи од 1.000 до 1.500 евра, а просекот на откупната цена за сортата „прилеп“ изнесува 170 , а за сортата „басмак“ 200 денари за килограм.

– Задоволни сме од проценката на откупувачите и од субвенцијата па затоа во наредната производна година ќе засадиме поголеми површини, изјавија тутунопроизводителките Татјана Ромовска и Илинка Поповска од селото Вирче.

Според најавите од „Далија-табак“ откупот на тутун од реколтата 2013 година, во Пијанечко- малешевскиот крај ќе заврши заклучно со 15 февруари годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП