28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКакви работнички сакаат шефовите?

Какви работнички сакаат шефовите?

rabotnichki223

Ако самите се вклопите во некои од овие типови, шефот ќе ве засака и пред да успеете да кажете колку ја сакате својата работа… Еве кои се тие типови на девојки.

Навивачка

Иако оваа девојка не е најпаметна во канцеларијата, таа прва ќе добие унапредување и подобро работно место. И тоа токму поради тоа што си ја сака компанијата за која работи и отворено им го покажува тоа на сите! Навистина би требало да покажете малку повеќе ентузијазам по прашањето за компанијата и луѓето со кои работите. Преземете ја главната улога на поттикнувач на добра енергија, луѓето тоа го обожаваат!

Жена-мајстор

Времето за извршување на работата опасно се приближува до крајот! Клиентите се напорни и понекогаш и злобни! Таа сфаќа дека поминала еден час, кој го нема, на печатење на потполно погрешни документи! И покрај сето тоа, мирна е како да не се случило ништо. Оваа личност е секогаш смирена и со еднаков ефект влијае на се околу себе. Доколку имате способност да ја решите драмата, смирете ги колегите и вратете им го фокусот на работата, шефот ќе биде пресреќен што ве има! Затоа, следниот пат кога на работа ќе избие драма, длабоко дишете, прегризете го јазикот, смирете се себеси, а потоа и другите! И таквото однесување нека ви премине во навика!

Клон

Овие девојки се сите исти, од фризурите, алиштата и чевлите кои ги носат, дипломата која ја имаат до гласот со кој говорат. Тие сфатиле како треба една деловна жена да изгледа, да звучи и да се однесува, и на тоа се придржуваат. Можеби не се иновативни, креативни и уникатни во постигнувањето на својата цел, но тие својата цел секако ќе ја постигнат. Доколку сакате да бидете сигурни дека на работа ќе успеете, само бидете уште една од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП