20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина стана најголемиот потрошувач на злато

Кина стана најголемиот потрошувач на злато

kinazlato1

Кина во 2013 година стана најголемиот потрошувач на злато во светот, потиснувајќи ја од првото место Индија, објави лондонскиот весник „Financial Times“.

Побарувачката за злато во Кина минатата година достигнала до 1.189,9 тони, што е раст од дури 32 проценти, во однос на 2012 година, наведува весникот.

Во Индија минатата година побарувачката за злато изнесувала 987,2 тони, пет проценти повеќе отколку во 2012 година.

Побарувачката во индустријата за накит во Кина минатата година била 724 тони, за третина повеќе во однос на 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП