2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпоредете ја вашата плата со платите во целиот свет

Споредете ја вашата плата со платите во целиот свет

platasvet552

По повод економскиот форум кој се одржува во малиот алпски ски-центар, поставен е калкулатор на сајтот на „CNN“ за споредување на платите во целиот свет.

Калкулаторот ќе ја пресмета вашата годишна плата која можете да ја споредите со заработката на професионалците во целиот свет.

Со внесувањето на вашата годишна бруто плата, калкулаторот ќе изработи графикон благодарение на кој ќе можете лесно да видите каде се наоѓате вие во однос на просечната плата во останатите држави.

Во калкулаторот е пресметана платата на учителите во Етиопија, фармерите во Гватемала, тајландските хигиеничари, лекарите во Грција, административните менаџери во Финска, извршните директори во САД и платата на англиската кралица, но и многу други плати кои вработените ги земаат во целиот свет.

Калкулаторот ќе ви покаже колкава е вашата заработка во однос на просекот во вашата држава но и во однос на светскиот просек.

На следниот линк можете да пристапите до калкулаторот….

http://edition.cnn.com/SPECIALS/2014/davos/global-wage-calculator/index.html?hpt=hp_c1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП