25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Sberbank е подобар од лани

Профитот на Sberbank е подобар од лани

sberbankata

Претседателот на руската „Sberbank“, Герман Греф очекува нето-профитот на банката да ги надмине показателите за 2013-та година.

Тој на новинарите на Светскиот економски форум во Давос им изјави дека конечните резултати од минатогодишното работење се уште не се објавени, туку само прелиминарните, но и дека очекуваат подобри резултати во споредба со лани.

Како што претходно најави Итар тас, нето-профитот на „Sberbank“ за 2013-та година, не сметајќи ги настаните по датумот на известување, тој е зголемен за 13.4 проценти на годишно ниво и достигнал 396,6 милијарди рубљи (8,6 милијарди евра).

Според петгодишната стратегија, „Sberbank“ до 2018-та година ќе оствари двојно поголем профит отколку во 2013-та.

Греф неочекува никакви проблеми со растот на кредитното портфолио поради законот за потрошувачки кредити, кој се очекува да стапи на сила во оваа година. Тој смета дека растот на корпоративниот кредит да биде од 10 до 14 проценти, додека растот на малопродажните кредите да биде нешто понизок од минатата година.

Претседателот на „Sberbank“ изјави дека смета уделот на пазарот на хипотекарни кредити да остане ист. Минатата година тој достигна 50 проценти. Греф додаде дека смета дека тоа е „ненормално висок“ удел.

Во 2013-та година корпоративното портфолио на „Sberbank“ е зголемено за 15.1 проценти, а на физички лица на 31.8 проценти. Притоа во целиот банкарски систем растот достигнал 12.7 проценти, односно 29 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП