5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДва нови пункта во Скопје за ковертите во наградната со фискалните

Два нови пункта во Скопје за ковертите во наградната со фискалните

fiskalna

Државна лотарија на Македонија постави два нови пункта за испраќање на пликовите за наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“.

Како што соопштуваат од Државната лотарија на Македонија пунктовите се поставени во продажниот салон на Техномаркет во Сити Галери и пред продажното место Толлакс на ул. „Македонија“.

Пликовите на пунктот кај Техномаркет ќе може да се остават од 9 до 21 часот, а на пунктот на ул. „Македонија“ од 8 до 24 часот.

Граѓаните ковертите со по 20 фискални сметки (валидни со најран датум од 15 ноември 2013), лист со лични податоци и напишана адреса на приредувачот со напомена за наградна игра „Фискална во рака – награда без мака“, ќе може да ги оставаат во тек на работното време на наведените продажни места и во наменската кутија во зградата на МРТ.

За учество во второто извлекување ковертите во наменските кутии може да се оставаат до 26 јануари 2014 до 24 часот. Ковертиите кои ќе бидат оставени по ова време ќе се земат предвид за третото извлекување.

Второто извлекување за наградната игра ќе се реализира на 27 јануари 2014 со пренос во живо на МРТ1 од 20 часот.

Главната награда за ова извлекување е автомобил Фолксваген Поло и 150 вредносни ваучери, во вредност од 1.000 до 60.000 денари.

Извлекувања од наградната игра ќе се реализираат секој месец до крајот на 2014 година. Во сите извлекувања редовни награди се автомобил и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари, а во седмото кое ќе се реализира на 30 јуни 2014 и тринаесетото кое ќе се реализира на 29 декември 2014, покрај за редовните награди ќе се извлекува и за главните награди – стан во Скопје и продажен простор во Скопје. Во седмото извлекување за наградите стан и продажен простор ќе учествуваат и неизвлечените коверти од второто заклучно со шестото извлекување, а во тринаесеттото, за извлекување на наградите стан и продажен простор ќе учествуваат неизвлечените коверти од осмото заклучно со дванаесетото извлекување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП