7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle инвестира една милијарда во фабрики во Мексико

Nestle инвестира една милијарда во фабрики во Мексико

nestle

Швајцарскиот прехрамбен концерн „Nestle“ ќе изгради во Мексико две нови фабрики вредни милијарда долари, пренесе агенцијата „АП“.

Најголемиот светски производител на храна во светот денеска објави дека во местото Окотлан ќе изгради фабрика за изработка на храна за бебиња, а во местото Силао фабрика за храна за кучиња, мачки и други миленичиња.

Покрај тоа, „Nestle“ планира да ја прошири и модернизира својата фабрика за производство на житни култури во Лагос де Морено. Според генералниот директор, Пол Булке, оваа инвестиција  ќе овозможи отворање на 700 работни места.

Директорот додаде дека одлуката за натамошно ширење на концернот „Nestle“ во оваа латиноамериканска држава ги одржува големиот потенцијал за раст на тамошниот пазар. Мексико е шестиот најголем пазар за „Nestle“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП