25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПротести во Белград поради владините антикризни мерки

Протести во Белград поради владините антикризни мерки

RADNICI

Околу 3.000 лица протестираа денеска во Белград против предлог-законите, за кои српската Влада тврди дека се клучни за економската реформа во земјата, но ќе предизвикаат и дополнителни отпуштања од работници.

Демонстрантите се собраа во централниот дел од градот со барање министерот за економија Саша Радуловиќ да поднесе оставка и новите предлог-закони за труд, банкрот и приватизација да бидат повлечени.

Министерот Радуловиќ тврди дека законите се неопходни, со цел да се „рестартира“ српската економија, која е уништена „од војните, лошото управување со земјата и корупцијата“.

Синдикатите сметаат дека законот за банкрот овозможува затворање на голем број државни комапнии и отпуштања од работа.

Од друга страна, експертите нагласуваат дека државните загубари се тежок товар за српската економија и дека мора де се преземат мерки за решавање на проблемот со нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП