2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДве глоби за рудникот за бакар и злато „Бучим“

Две глоби за рудникот за бакар и злато „Бучим“

rudnik_441

На рудникот за бакар и злато „Бучим“ од Радовиш денеска му се изречени две глоби во висина од 123 илјади евра. Едната е за непријавено истекување отпадни материи, а втората за пропусти во делот на Законот за работни односи и техничката заштита на вработените.

Во ненајавена посета на Рудникот денеска беа претставници на Државниот инспекторат за животна средина, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и инспектори за техничка заштита и труд.

Глобата од 100 илјади евра ја изрекоа претставниците на Државниот инспекторат за животна средина поради тоа што раководството на рудникот во понеделникот не ја пријавило хаваријата, односно истекување на отпадни материи во Меденска и Тополничка Река.

„Поради непријавување на предизвикано загрозување на животната средина се изрече прекршок со глоба во износ од 100 илјади евра за правното лице и 13 илјади евра за одговорното правно лице“, изјави министерот Спасов.

Тој нагласи дека во првичните согледувања на инспекторите е констатирано дека во рудникот Бучим има пропусти во делот на Законот за работни односи, како и во делот на потребната техничка заштита на вработените.

„Поради овие пропусти е изречена и втората глоба на рудникот Бучим во висина од 10 илјади евра за правното лице“, прецизира Спасов.

Првичните констатации на инспекторите се дека во единствениот рудник за бакар и злато се почитуваат законските нормативи и мерки за безбедност и здравјето на рударите.

Во изминатите два месеца при инспекциските надзори за рудниците Саса, Злетово и Бучим се изречени повеќе казни чија висина изнесува околу 260 илјади евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП