3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзбрани правните лица кои ќе ги обучуваат енергетски контролори

Избрани правните лица кои ќе ги обучуваат енергетски контролори

energija111

Машинскиот факултет од Скопје и Техничкиот факултет од Битола ќе ги спроведуваат обуките за полагање на испити за енергетски контролори.

Одлуката за нивниот избор денеска е објавена на веб-страницата на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, а согласно програмата за обука и полагање на испит за енергетски контролори, реализација на првата обука ќе треба да ја започнат најдоцна за 60 дена.

Јавниот повик за избор на правни лица за спроведување на обуки и полагање на испити за енергетски контролори Агенцијата го објави лани на 6 декември, а денеска беше донесено решението за избор и беше објавена листата на избрани правни лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП