27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Agricole ја продава бугарската подружница

Credit Agricole ја продава бугарската подружница

cacreditagricole

Француската банка „Credit Agricole“ објави дека со бугарската банка „Corporate & Commercial Bank“ потпишала договор за продажба на својата бугарска подружница, пишува „Wall Street Journal“. Износот на трансакцијата не е објавен.

„Credit Agricole“ е втора по големина француска банка, а во последните две години таа значително го реструктуираше работењето на глобално ниво – таа се повлече од речиси половина од земјите во кои работеше.

Банката во соопштението наведува дека со продажбата на бугарската подружница ќе ги намали ризичните средства за 160 милиони евра, а стапката на солвентност ќе се намали за помалку од еден процентен поен.

Преземањето треба да биде одобрено и од страна на бугарскиот регулатор за пазарна конкуренција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП