2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААдеми и Сарачини на средби во Тирана за проектот „Луково Поле“

Адеми и Сарачини на средби во Тирана за проектот „Луково Поле“

ademi saracini

Министрите за економија и за животна средина и просторно планирање, Ваљон Сарачини и Абдилаќим Адеми, денеска престојуваат во Тирана на разговори за проектот „Луково Поле“.

По средбите со премиерот Еди Рама и министрите за надворешни работи, економија и животна средина, Дитмир Бушати, Дамиан Ѓикнури и Лефтер Кока, на заедничка прес-конференција беше речено дека нема готов проект за Радика и оти целата постапка околу проектот, кој е идеен, ќе биде транспарентна.

„Не постои проект ни соодветна студија. Затоа нема потреба од вознемиреност. Врз основа на меѓународните конвенции кога почнува еден ваков проект, во една одредена фаза треба да се праша јавноста, а треба да се разговара и со соседните земји“, изјави Адеми.

Тој додаде дека идејниот проект зависи од студијата која ќе се реализира во врска со влијанието врз животната средина и оти целата процедура ќе биде целосно транспарентна.

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати на прес-конференцијата рече дека Албанија за овој проект ќе бара да се применат меѓународните конвенции и оти владата во Тирана ќе го брани националното достоинство, теритријалниот интегритет и сите интереси на албанските граѓани.

„Жалам што и при вакви случаи кога има еден совршен дијалог меѓу двете влади, повторно има шпекулации за губење на националните интереси. Нема никаков проект за девијација на Радика. Ние сметаме дека употребата на водите е значајно прашање за кое се дискутира во согласност со меѓународните конвенции“, изјави Бушати.

И порача на јавноста дека ќе има целосна транспарентност во врска со проектот „Луково Поле“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП