8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Самсунг галакси“ таблети за студентите кои изработија најдобра андроид апликација

„Самсунг галакси“ таблети за студентите кои изработија најдобра андроид апликација

S

Мултифункционалната апликација за пребарување и селекција на производи, скенер на продукти, геолокација на мрежа на продавници, изработена од страна на група студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид е победник на наградата за најдобра андроид апликација што во рамки на Проект за општествено одговорни активности ги спроведе синџирот продавници за бела техника и опрема „Техномаркет“.

Станува збор за апликација за мобилни телефони со андроид оперативен систем, софистицирана според перформансите, истата е динамична односно работи врз основа на конеција со интернет сервери.

Координаторот на проектот, професорот Наум Тунтев, изјави дека успех претставува секоја активност на студентите со која нивното теориско знаење практично го применуваат во најразлични области.

Изработката на андроид апликација претставуваше вистински предизвик за студентите да ги покажат своите способности за креирање на единствен проект со кој ќе се олесни достапноста до производите. Овој тип на соработка и можност што им се нуди на студентите е од големо значење и пред се искуство кое ќе има голем позитивен ефект во нивната понатамошна професија, рече тој.

Илина Драгославска, студентка која е една од изработувачите на наградената апликација, реле дека нејзната изработка траела околу два месеци, при што бил вложен голем труд.

– Се надевам дека на крај сето тоа ќе се исплати. За нас претставуваше вистински предизвик да се работи на овој проект, истакна таа.

Проектот на изработка на апликацијата траеше три месеци, а нејзината практична примена сите корисници ќе можат бесплатно да ја користат, истата да ја симнуваат преку „Гоогле плеј“.

„Техномаркет“ креаторите на победничката апликација ги награди со „Самсунг галакси“ таблети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП