18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го намали рејтингот на Хрватска

S&P го намали рејтингот на Хрватска

standard56poo

Агенцијата „Standard & Poor’s“ го намали кредитниот рејтинг на Хрватска за долгорочно задолжување во странска и домашна валута од „ББ+“ на „ББ“, со стабилни изгледи.

Причината за ова е оценката дека рецесијата во оваа земја би можела да продолжи шеста година по ред.

„Намалувањето на рејтингот го одразува нашиот став дека мерките за економската и буџетската политика кои хрватската Владата ги воведе досега не се доволни за поттикнување на економскиот раст и доведување на јавните финансии на одржлив пат. Веруваме дека конкурентноста на хрватската економија и понатака е слаба, меѓу останатото, поради ригидноста на пазарот на труд и сложената деловна ситуација“, се наведува во образложението на „S&P“.

Рејтингот на Хрватска е подржан, според наводите на агенцијата, со важни среднорочни можности кои произлегуваат од влезот на Хрватска во Европската унија, а кои се однесуваат на решавање на клучните предизвици на растот, конкурентноста и продуктивноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП