2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрилепскиот комбинат од понеделник продолжува со откуп на тутун

Прилепскиот комбинат од понеделник продолжува со откуп на тутун

tutun2223

Земјоделскиот инспекторат денеска го укина решението за забрана за откуп на тутун во прилепскиот Тутунски комбинат со што на овој откупувач му дозволува од понеделник да го продолжи откупот на тутунот.

– Го укинуваме решението за забрана за откуп од 13 јануари зошто комбинатот покажа средства со кои може да откупува и да исплаќа тутун. Од понеделник продолжува откупот во тутунскиот комбинат, изјави Румен Стаменов, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

Од комбинатот потврдуваат дека в понеделник го продолжуваат откупот и треба да се договорат на кои пунктови во населените места и со која динамика ќе се презема откупот.

Сигурно е дека ќе бидат отворени вратите на откупниот пункт во градот. Комбинатот во вторникот го официјализираше банкарскиот кредит од околу 3 милиони евра за да се дооткупи договорениот тутун. Застојот на откупот беше од почетокот на јануари.

Според генералниот директор Александар Дерменџиев, комбинатот остана без средствата среде откуп зашто ја зголеми динамиката, а просечната цена е 172 денари. Досега се откупени над 1.370 тони, а вкупно се договорени околу 3.000 тони тутун.

На ниво на земјава, според инспекторатот, од близу 30.000 тони колку што е проценета реколтата, досега се откупени 14.500 тони по просечна цена од 155 денари за килограм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП