ПочетнаКАРИЕРАШто се може да тргне наопаку кога барате работа?

Што се може да тргне наопаку кога барате работа?

naopaku1

Покрај тоа што луѓето постојано се жалат како нема работа, дури и кога ќе наидат на понуда за работно место кое им одговара, некои работи може да тргнат наопаку. Погледнете кои се тие и внимавајте…

-На разговорот за работа го среќавате вашиот пријател/ка. И тој/таа конкурира за истото работно место.

-Подготвувате долг меил за потенцијалниот работодавец и го ипраќате. Токму во моментот на испраќање забележувате четири грешки кои сте ги направиле при куцањето.

-Или уште полошо, сте го пратиле истиот меил кој пред кратко време и го пративте на друга компанија – без промена на името на компанијата.

-Ве повикуваат на интервју, а вие токму тој ден се успивате и немате време за доручек, па по пат до компанијата се одлучувате да каснете нешто, и нормално…. чашата јогурт се наоѓа на вашата облека или исто така лошо… на врнежливото време поминува некој автомобил со неконтролирана брзина покрај вас и на вашата облека и става „дизајнерски печат“.

-На социјалната мрежа гледате дека вашиот поранешен пријател/ка објавува како се вработила на ново работно место- токму на она за кое заедно аплициравте …. и вашите соништа тука повторно потонуваат.

-Покрај тоа, сите околу вас се жалат како премногу работат, а вие седите дома.

-Се пријавувате да волонтирате, но за вас дури ни таму нема место.

-Ве одбиваат со образложение дека имате премногу искуство.

-Познаниците ве запрашуваат како е можно да не можете да се вработите покрај толкавото вложување во образованието.

-Дополнително ве обвинуваат дека треба да ги намалите вашите критериуми.

-Секое утро полни со надеж го отворате вашиот меил, а потоа разочарано гледате дека ви пристигнал меил во кој повторно сте одбиени.

-…Што сепак е подобро во однос на пресметката колкав број на меилови сте пратиле а никогаш не сте добиле одговор….

Не ја губете надежта, ќе дојдат вашите пет минути!!!

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП