19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо октомври потрошена повеќе енергија од истиот месец во 2012-та

Во октомври потрошена повеќе енергија од истиот месец во 2012-та

energija elektricna

Бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија во Македонија во октомври 2013-та година изнесуваше 668.003 мегават часови, што е за 5,4 отсто повеќа во споредба со истиот месец од претходната година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Од потрошената електрична енергија 66,7 отсто е од домашно производство, а 33,3 отсто од увоз.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013-та година вкупниот увоз на природен гас во земјава изнесуваше 4.316 милиони нормални метри кубни или за 16,7 отсто повеќе во споредба со увозот во истиот период од претходната година.

Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 50,2 отсто, а финалната потрошувачка со 48,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП