26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПентагон го спасува Blackberry со купување на 80.000 телефони

Пентагон го спасува Blackberry со купување на 80.000 телефони

blackberry pentagon

Иако пред неколку недели се очекуваше конечниот колапс на канадскиот производител на мобилни телефони, помошта пристигна од САД.

Пентагон најави дека до крајот на јануари на своите вработени ќе им подели 80.000 телефони „Blackberry“, со што ќе ја заживее прилично проблематичната канадска компанија.

Со купувањето на новите телефони од „Blackberry“, Пентагон со тоа ја потврдува сигурноста на овие уреди, иако оваа компанија веќе подолго време на пазарот неможе да им парира на конкурентите кои користат „Android“ или „iOS“.

Телевизијата „NBC“ објави дека американското Министерство за одбрана се одлучило на овој чекор поради безбедноста која ја нуди „Blackberry“ при пренесувањето на податоци, што особено е значајно по минатогодишната афера со Едвард Сноуден.

Пентагон покрај 80.000 уреди на „Blackberry“ ќе набави и 1.800 телефони од „iPhone“, „Samsung“ и „Motorola“.

Некогашниот гигант од Канада, и покрај тоа што пред неколку недели се очекуваше да прогласи банкрот, во новата година успеа да ги поврати акциите, кои според пишувањето на „Forbes“, скокнале за 34 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП