28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден пад на турската лира

Рекорден пад на турската лира

turcijaturskalirais

Турската лира продолжи да ја губи вредноста, и покрај интервенцијата на Централната банка во Анкара на пазарот на валути.

Лирата падна на рекордно ниска вредност од 2,3 лири за еден долар, неколку саати откако централната банка соопшти дека интервенирала на пазарот, поради „нездравите случувања“.

Турската централна банка не наведе други информации, но весникот „Хуријет“ јавува дека банката продала повеќе од две милијарди долари со цел да ја поддржи домашната валута.

Лирата е во постојан пад додека Турција ја тресе скандал со корупција во која наводно се вмешани луѓето блиски на Реџеп Таип Ердоган, со што неговата влада е дестабилизирана.

Оваа недела централната банка одлучи да не ја поддржи лирата со зголемување на каматните стапки, што, според некои аналитичари е одлучено по притисокот на владата.

Со падот на вредноста лирата и главниот индекс на берзата во Истанбул губи од својата вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП