5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнисмени од Ирак во посета на Македонија

Бизнисмени од Ирак во посета на Македонија

investiraj-vo-makedonija

Бизнисмени од Ирак идната недела ќе ја посетат Македонија за да се запознаат со нејзините стопански потенцијали. Особено се заинтересирани за индустриските и прехранбените производи, како и за секторите градежништво, туризам, здравство, образование и спорт.

Како што информира Стопанската комора на Македонија, во земјава доаѓа делегација на Унијата на ирачки бизнисмени чија цел е организирање повеќе деловни мисии годинава.

Седиштето на Унијата која брои 17 регионални канцеларии, е во Багдад.

– Станува збор за стопанска асоцијација на претприемачи со висок личен интегритет, финансиски и административно независна. Соработува со владите, арапските и меѓународните организации, ги поттикнува на воспоставување заеднички вложувања во

Ирак со цел реконструкција на економијата, вели Љубица Нури од Комората.

Идејата на веќе реализираните контакти, додава, е реконструирање на стопанските односи кои постоеле пред дваесет години.

– Ирачките компании се заинтересирани за увоз и дистрибуција на разни видови македонски производи на ирачкиот пазар, прехранбени и пијалаци, земјоделски производи, козметички и фармацевтски производи, метален комплекс, градежништво и градежни материјали, индустриска опрема, трговија на производи за широка потрошувачка, мебел, транспорт, туризам,…. Бизнисмените ќе се запознаат и со можностите за инвестирање и со потенцијалите за водење бизнис во Македонија. Во рамки на нивната посета, ќе организираме бизнис-форум за воспоставување билатерални деловни контакти со македонски компании кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери.

Планирани се билатерални разговори со ирачките компании од неколку стопански сектори, вели Љубица Нури.

Според Нури, ирачкиот приватен сектор може да биде мост за пласман на македонските производи и во други земји на Блискиот Исток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП