– Министерот без ресор, задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак денеска во Велес ќе има средба со градоначалникот Славчо Чадиев.
За време на посетата, Самак ќе биде информиран за плановите на општината на полето на привлекување нови странски инвестиции, како и можноста за искористување на веќе постоечки капацитети кои не се ставени во употреба и нивно активирање.
Министерот Самак ќе ја посети и локацијата на која германскиот инвеститор „Маркардт“ ќе ја гради својата фабрика, со цел да изврши увид на тековните активности за реализација на оваа инвестиција вредна над 35 милиони евра, како и текот на постапката за откуп на земјиштето.