9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Раст на суфицитот на тековните плаќања

ЕЦБ: Раст на суфицитот на тековните плаќања

ecbecbeeee12

Суфицитот на тековните плаќања во еврозоната се зголеми во ноември на 23,5 милијарди евра, од октомвриските 22,2 милијарди евра, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Податоците на ЕЦБ за 12 месеци заклучно со ноември покажуваат дека е остварен суфицит на тековните плаќања во износ од 215,8 милијарди евра во однос на суфицитот од истиот период претходната година од 118 милијарди евра, јавува агенцијата Франс прес.

Билансот на тековните трансакции, кој опфаќа трговски биланс и биланс на нестокови трансакции, претставува индикатор за способноста на земјата да ги финансира своите потреби, а исто така е важен и за долгорочната доверба на инвеститорите и трговските партнери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП