19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнализа: Еден од тројца во Грција стравува дека ќе остане без домот...

Анализа: Еден од тројца во Грција стравува дека ќе остане без домот заради кризата

greec

Голем дел од домаќинствата во Грција се под голем притисок заради економската криза и според анализа објавена во грчки печатени медиуми, еден на секои тројца во таа држава стравува да не го загуби домот поради долгови.

Според податоците, 87 отсто од Грците имаат свој сопствен имот. Во 97 отсто домаќинства има значителен пад на приходите и намалување на квалитетот на живот.

Во 1,4 милиони домаќинства во Грција имаат по најмалку еден невработен што е 40,2 отсто од вкупниот број, а над еден милион Грци се без заштита ако останат без работа.

Финансиски обврски спрема банките имаат 44,3 отсто од населението, а едно од секои десет домаќинства било приморано да го продаде имотот за да се справи со кризата.

Едно од три домаќинства е на праг да доцни од плаќања спрема државата и банките заради финансиски проблеми. Единствено добро во таа анализа е што 55,8 отсто од грчките домаќинства зачувале доверба во државната здравствена услуга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП