3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini Urus пристигнува во 2017-та година

Lamborghini Urus пристигнува во 2017-та година

uruss

Откако минатата година „Lamborghini“ го потврди производството на идниот „SUV“ наречен „Urus“, сега пристигнуваат информации за тоа кога ова возило може да го очекуваме да се појави на пазарот.

Извршниот директор на италијанската компанија, Стефан Винкелман објави дека доколку работите се одвиваат според планот, производството на „Urus“ ќе започне во 2017-та година.

И додека пазарот на луксузни „SUV“ модели продолжува да расте, брендовите на групацијата „Volkswagen“ (во која се наоѓа и „Lamborghini“) полека се подготвуваат својата понуда да ја прошират токму со вакви модели. Фокусот пред се е на американскиот пазар, но внимание се посветува и на останатите пазари на кои според продажните резултати се истакнуваат „SUV“ моделите.

„Porsche“ неодамна го претстави својот втор „SUV“, „Macan“, „Bentley“ својот премиерен модел од ваков вид ќе го лансира во 2016-та година, а истата година „Audi“ има во план да понуди уште еден нов модел „Q1“, кој дополнително ќе ја зацврсти „Q“ линијата на пазарот.

„Urus“ (доколку ова име биде задржано) нема да биде првиот „Lamborghini SUV“. Oд 1986-та до 1993-та година, компанијата го произведуваше „LM002“, кој првично беше замислен како воено возило.

„Lamborghini Urus“ како концепт премиерно беше претставен во Пекинг во 2012-та година. Долг е скоро пет метри (4,99), широк е 1,99, a висок 1,66. Според димензиите е подолг, поширок и понизок од „BMW X6“. Засега не е познато каков мотор ќе се најде под неговата хауба, но се знае дека ќе има 600 KS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП