8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia забележа загуба од 25 милиони евра

Nokia забележа загуба од 25 милиони евра

nokia3

Финската компанија „Nokia“ соопшти дека за четвртиот квартал од 2013 година нејзината загуба изнесува 25 милиони евра, за што главна причина е падот на продажбата на смартфони за 29 проценти.

Како што пренесува агенцијата АП, во истиот период претходната година „Nokia“ оствари добивка од 193 милиони евра.

Во денес објавените податоци за последниот минатогодишен квартал не се опфатени резултатите од одделението за телекомуникациски уреди и услуги, кои „Nokia“ ги продава на американскиот софтеверски гигант „Microsoft“.

Прометот на овој оддел (уреди и услуги) за три месеци до крајот на декември 2013 година е намален на 2,6 милијарди евра, од 3,9 милијарди евра во истиот период во 2012 година.

Оперативната загуба во исто време е зголемена на 191 милион евра, од 97 милиони евра претходната година. Прометот на мрежниот оддел (Nokia Solutions and Networks, NSN) во четвртиот квартал минатата година е намален за 22 проценти, на 3,1 милијарда евра, додека аналитичарите очекуваа промет од 3,2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП