3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald’s: Помалку купувачи, но профитот расте

McDonald’s: Помалку купувачи, но профитот расте

F

Американскиот ланец на ресторани за брза храна „McDonald’s“ во четвртиот квартал оствари раст на профитот, и покрај намалениот број на купувачи.

Најголемиот светски ланец на ресторани за брза храна во четвртиот квартал, во рестораните отворени подолго од една година, забележа пад на глобалните приходи од 0,1 проценти, од кои само во САД 1,4 проценти, пренесува агенцијата АП.

Профитот на компанијата во четвртиот квартал изнесуваше 1,4 милијарди долари, односно 1,40 долари по акција, едно пени над очекувањата на аналитичарите. „McDonald’s“ во истиот период во 2012 година заработи 1,39 милијарди долари или 1,38 долари по акција.

Приходите истовремено пораснаа на 7,09 милијарди долари, нешто под 7,1 милијарди, колку што прогнозираа аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП