ПочетнаЕКОНОМИЈАДраматичен пад на аргентинскиот пезос

Драматичен пад на аргентинскиот пезос

pesos226

Владата на Аргентина дозволи депресијација на пезосот за 11,1 проценти во однос на доларот, што е најмногу од 2002 година.

Вкупниот пад на вредноста на аргентинската валута за првите три недели од оваа година изнесува 18,6 проценти.

Во четвртокот, курсот надмина осум пезоси за еден долар (8,01), еден ден по пробивањето на симболичната бариера од седум пезоси за еден долар, што беше шок за Аргентинците кои во 1990-тите уживаа паритет од еден пезос за еден долар.

Во текот на 2013 година, падот на вредноста на аргентинската валута достигна 24 проценти.

Девалвација бара деловната заедница, вклучувајќи ги извозниците кои сакаат поконкурентни цени за да ја продадат стоката.

Инфлацијата во Аргентина достигна 28 проценти во 2013 година, а оваа година изгледа дека таа ќе биде поголема.

 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП