3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo го стекнува бизнисот со сервери на IBM за 2,3 милијарди долари

Lenovo го стекнува бизнисот со сервери на IBM за 2,3 милијарди долари

logos_ibm_lenovo

Lenovo го купи бизнисот со сервери на „IBM“ за сума од 2,3 милијарди долари. Најголемиот производител на персонални компјутери во светот се решава на овој чекор по минатогодишниот сериозен пад на „PC“ пазарот, соопшти агенцијата „Bloomberg“.

Трансакцијата вклучува исплата на 2 милијарди долари во готово, а остатокот од сумата ќе биде во форма на акции во „Lenovo“. Кинеската компанија го стекнува целиот бизнис со сервери на „IBM“, вклучувајќи ги „System X“, „BladeCenter“, „Flex System“, како и одделот за прекинувачи.

„Убедени сме дека ќе можеме да го развиеме овој бизнис успешно на подолг период“, коментира Јанг Јанкинг, извршен директор на „Lenovo“.

Сега компанијата планира да ја зајакне конкуренцијата со „HP“ и „Dell“ во уште еден сегмент.

„IBM“ и „Lenovo“ одржале преговори за стекнување на одделот за сервери уште минатата година. Тогаш двете компании не се договориле за цената, бидејќи „Lenovo“ не располагал со доволно пари во кеш.

Сега целите на „Lenovo“ се да го развие пазарниот удел на бизнисот со сервери и да го прошири со 5 до 10 проценти во рамките на следните три години. Во 2012-та година тој бил 2.6 проценти.

Во третиот квартал на минатата година „IBM“ бил најголемиот производител на сервери. Компанијата генерирала приходи во вредност од 1,21 милијарди долари, што и обезбедило удел од 13% во вкупниот пазар.

Главниот мотив на Lenovo за посериозно навлегување во бизнисот со сервери е падот на пазарот на персонални компјутери. Компанијата планираше да го зголемува своето присуство во „PC“ сегментот преку поголем фокус на новите пазари. Според нејзиниот извршен директор, сепак тоа нема да е доволно за постигнување на претходно поставените цели и „Lenovo“ ќе побара нови сегменти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП