27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрва дирекна интервенција на Централната банка на Турција во последните две години...

Прва дирекна интервенција на Централната банка на Турција во последните две години за спас на лирата

turkishliracoins1

– Вредноста на турската лира денеска продолжи забрзано да паѓа, достигнувајќи рекордно ниско ниво во однос на доларот и еврото, што резултираше со прва „директна“ интервенција на Централната банка на Турција на финансиските пазари во земјата во последните две години.

На почетокот на денот турската лира го мина прагот од 2,29 лири за долар и 3,11 лири за евро, но по интервенцијата на Централната банка попладнево курсот на лирата се врати до нивото од 2,2709 лири за долар и 3,0998 лири за евро.

Последниве недели Централната банка преферираше да ја оддржува ликвидноста преку специјални дневни продажби на државни обврзници во износ од неколку стотици милиони долари, во обид да го запре падот на вредноста на националната валута, предизвикан од политичко-финансискиот скандал, што ја тресе турската Владата пред повеќе од еден месец.

Ова е прв случај од јануари 2012 година, Централната банка директно да интервенира на пазарите, барајќи од банките директно да продават девизи, објасни Дениз Чичек, економист од „Финансбанк“.

Во средата турските власти продадоа државни обврзници со рок на доспевање од 10 години, во вредност од 2,5 милијарди долари.

Главниот индекс на Истанбулската берза денеска попладне се намали за 0,56 проценти, завршувајќи на ниво од 66.987,31 поени.

Турската Централна банка во вторникот реши да ги задржи непроменети своите главни каматни стапки под притисок на Владата, која сака да избегне секакво негативно влијание врз растот и зголемување на буџетскиот дефицит, што веќе и онака е зголемен на околу седум проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП