3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоларот го неутрализираше растот на Delhaize

Доларот го неутрализираше растот на Delhaize

deldel622

Белгискиот дистрибутер „Delhaize“, во четвртиот квартал минатата година, оствари стабилни приходи, а растот на вредноста на продажбата беше неутрализиран со слабиот долар.

Оваа белгиска компанија која има околу 3,500 супермаркети во целиот свет и 60 проценти од активноста реализира на пазарот во САД, во четвртиот квартал забележа приходи во вредност од 5,36 милијарди евра, што е раст од само 0,1 проценти, пренесува Ројтерс.

За овој квартал аналитичарите предвидуваа 5,33 милијарди евра. А кога ќе се исклучи ефектот на девизните курсеви, произлегува дека растот изнесувал 3,0 проценти.

Според проценките оперативната добивка на оваа компанија ќе изнесува 770 милиони евра, за разлика од 755 милиони како што беше објавено во претходните прогнози.

На пазарот во САД приходите на „Delhaize“ во четвртиот квартал пораснале за 2,8 проценти (аналитичарите очекуваа 1,8 проценти), и покрај намалувањето на цените, во просек за 0,4 проценти.

Во Белгија продажбата се зголемила за 2,4 проценти, додека прогнозите на аналитичарите изнесуваа 1,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП