5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожно зголемување на основната каматна стапка на Банката на Англија

Можно зголемување на основната каматна стапка на Банката на Англија

bankofengland1

Банката на Англија оцени дека е време да почне со зголемување на својата основна каматна стапка, која веќе неколку години е на рекордно ниско ниво од 0,5 отсто.

Банката на Англија, која е централна банка на Велика Британија, почна со забрзано намалување на основната камата по избувнувањето на финансиската криза во есента 2008 година.

Раководството на банката ја почна ваквата политика заедно со уфрлањето на „свежи пари“ на финансикиот пазар во земјата, во обид да не дојде до распад на банкарскиот систем и да се стабилизира економската состојба во услови на економската криза.

Продолжувањето на економската стагнација, како и бавното излегување од кризата, предизвика основаната камата на Банката на Англија да остана на ниво од 0,5 отсто и веќе неколку години.

Пред крајот на минатата и на почетокот на оваа година, британската економија започна со постепен, но сигурен раст, пад на инфлацијата, заживување на пазарот за недвижности, што е многу важен во Велика Британија, како и со зголемување на бруто домашниот производ и намалување на невработеноста.

Според најновите податоци, стапката инфлацијата во Велика Британија, по повеќе од пет години, повтроно се спушти на два отсто, а невработеноста на 7,1 проценти, а ОЕЦД за оваа година предвидува побрз раст на британската економија.

Експертите на Банката на Англија проценуваат дека повеќе нема потреба каматата да се одржува на толку ниско ниво, па сугерираат таа постепено да расте до почетните пет отсто.

Тие најавуваат дека таа политика ќе почне веднаш штом невработеноста спадне на седум отсто или се спушти под таа стапка.

Сепак, анонимен претставник на владејачката Конзервативна партија на премиерот Дејвид Камерон во изјавија за проториевскиот „Дејли Телеграф“, вели дека е „малку веројатно“ оти основната каматна стапка ќе почне да расте пред парламентарните избори предвидени за мај идната година.

Истиот извори тврди дека добрите движења во британската економија им одат во прилог на Камерон и на неговата Влада, и во предизборната кампања ќе бидат искористени како аргумент дека е водена исправна економска политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП