29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоњановски: За рурален развој 134 проекти во 72 општини

Коњановски: За рурален развој 134 проекти во 72 општини

konjanovskiTutuns

Преку Програмата за рурален развој оваа година Владата поддржа вкупно 134 проекти во 72 општини, за што се одвоени 1.045 милијарди денари што е највисока поддршка досега за локалната самоуправа и по обем и по квалитет, истакна заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски, при денешната посета на општина Зрновци.

Во општина Зрновци, посочи, преку програмата за рурален развој се реализираат два проекти во вкупна висина од 11,5 милиони денари,од кои едниот е за изградба на плоштад во Зрновци во вредност од 5,4 милиони денари и изградба на фекална канализација во село Видовиште во вредност од 5,9 милиони денари. Двата проекта кои значат многу за општината Зрновци се пример на одличната соработка со градоначалникот и општината, истакна Коњановски.

„Двата проекта се од особено значење на жителите на Зрновци и Мородвис.Плоштадот ќе значи место за собирање на жителите во Видовиште ќе се продолжи со реализација на втората фаза од канализацијата“, истакна градоначалникот Блаже Станков.

На новинарско прашање каков ќе биде ставот на ресорното Министерство во однос на подготовките на акомулациите во државата пред престојната наводнителна сезона, Коњановски истакна дека Владата ќе ја помогне ревитализацијата на водоснабдителните системи и акумулации, но оти е потребно земјоделците и водоскорисничките здруженија навреме да си ги подмират долговите кон Водостопанство за искористената вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП