Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 648.00 0%    ALK 8,575.33 -0.26%    CEVI 800.53 -1.17%    FERS 78,000.00 -0.36%    GRNT 830.00 0.76%    KMB 5,167.69 -0.37%    MPT 52,500.00 -0.57%    MTUR 5,294.18 1.81%    OHB 6,180.00 -0.01%    REPL 74,702.00 -3%    SBT 2,328.00 -3%    SPAZ 18,000.00 1.69%    STB 1,145.00 -0.47%    TEL 300.00 0.14%    TNB 15,613.40 0.73%    

Студија за истиснување на јагленот од производството на електрична енергија

Време: 12:40

Датум: јануари 23, 2014

Категорија: ЕКОНОМИЈА

termocentrala-kosovo

Македонија во 2022-ра година да престане да произведува електрична енергија од јаглен, предвидува студијата изработена од проф. д-р Стефан Бужаровски и д-р Стивен Глин од Универзитетот во Манчестер заедно со Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје.

„Целта на студијата е да даде одговор дали е можно во Македонија да се произведува електрична енергија без фосилни горива“, истакна Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест на денешната прес-конференција.

Таа посочи дека Еко-свест смета дека приоритет на Македонија треба да и биде вложувањето во енергетска ефикасност и нови обновливи извори на енергија (ОИЕ).

Студијата, како што рече Невена Смилевска од Еко-свет, предвидува три сценарија. Првото сценарио „А“ се заснова на намалена потрошувачка на електрична енергија, второто „Б“ предвидува голем удел на ОИЕ во производството и статична потрошувачка, а третото „В“ голем удел на ОИЕ и намалена потрошувачка на електрична енергија.

„Студијата покажува дека речиси 80 отсто од електричната енергија може да се произведува од ОИЕ. Предвидува во 2022 година Македонија да го исклучи јагленот од производството на електрична енергија. Доколку се примени сценариото „В“ до 2050 година 79 отсто од електричната енергија ќе се добива од ОИЕ, а во случај на сценариото „Б“ во 2050 година 59,7 отсто од енергијата ќе се добива од ОИЕ, а остатокот од гас“, рече Смилевска.

Се предвидува, додаде, кога некоја постојна термо електрана треба да се исклучи од работа и со која динамика да се внесат нови ОИЕ, пред се фотоволтаици, ветерни електрани и термоелектрани на геотермална енергија и отпадна био маса.

Нагласи дека Еко-свест се залага и за поголема примена на енергетската ефикасност и додаде дека студијата овозможува и пред 2020 година Македонија да постигне намалување на потрошувачката на енергија за 20 отсто преку подобрена енергетска ефикасност.

Александра Бујароска од НВО Фронт 21/42 посочи дека нивната цел е да се изработи подобра стратегија за енергетика во Македонија.

„Постојната Стратегија за енергетика предвидува до 2030 година дури 60 отсто од електричната енергија во Македонија да се добива од јаглен. За разлика од нас, ЕУ до 2050 година целосно ќе ги истисне фосилните горива од производството на енергија. Затоа ќе покренеме иницијатива до Собранието на Република Македонија да се иницира расправа од која ќе произлезе потреба за ревизија на Стратегијата за енергетика“, рече Бујароска.

Таа посочи дека земјава нема да може да влезе во ЕУ доколку се реализира планот во Мариово да се отвори нов рудник за лигнит и нова термоелектрана на јаглен за која се предвидува да работи до 2050 година, зашто, како што рече, заедно со постојните термоелектрани ќе стане „црна еколошка точка“.

Еколозите, додаде, се против изградба на акумулацијата Луково поле и хидроелектраната Бошков мост зашто се наоѓаат во Националниот парк Маврово, но не се против градба на хидроелектраните Чебрен и Галиште во Мариово.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • УНЕСКО: Нотр Дам не мора да биде ист како што бил

    УНЕСКО: Нотр Дам не мора да биде ист како што бил

    Делегацијата на УНЕСКО разговарала со претседателот на Франција за париската катедрала уништена во пожарот. Обновата на париската катедрала Нотр Дам мора да ги заштити универзалните…

  • Јункер: Постои страв дека ќе дојде до Брегзит без договор

    Јункер: Постои страв дека ќе дојде до Брегзит без договор

    Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на деталите околу напуштањето на Унијата…

  • Сите претседатели на Република Македонија

    Сите претседатели на Република Македонија

    Од независноста на Република Македонија на претседателската фотелја седнаа четворица претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и актуелниот Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандати,…

  • Сончево со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од северен правец

    Сончево со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од северен правец

    Сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен и североисточен ветер. Вдолж Повардарието ветерот ќе се засилува. Локално е…

  • Макрон денес се сретнува со официјалните претставници на УНЕСКО за Нотр Дам

    Макрон денес се сретнува со официјалните претставници на УНЕСКО за Нотр Дам

    Претседателот на Франција Емануел Макрон, денеска ќе одржи состанок со официјални претставници на Агенцијата за културни наследства на Елисејската палата, на која ќе се разгледаат…

  • Анализа: раст на просечната плата од 4.5% – кој го чувствува?

    Анализа: раст на просечната плата од 4.5% – кој го чувствува?

    За една година платата пораснала за 4.5%, а за една деценија за 20%. Сепак, македонскиот работник останува речиси на европското дно во однос на просечниот…

  • За помалку од една недела од морбили заболеле 121 лице

    За помалку од една недела од морбили заболеле 121 лице

    Во периодот од 13 април до денеска пријавени се вкупно 121 случај на мали сипаници, соопшти Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на ново…

  • Бил Гејтс повторно со богатство од над 100 милијарди долари

    Бил Гејтс повторно со богатство од над 100 милијарди долари

    Состојбата на основачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс надмина 100 милијарди долари. Тоа се случува првпат од 1999 година, пишува „Форбс“. – Состојбата на Бил…

  • Дејвид Атенборо: Има надеж во борбата против климатските промени

    Дејвид Атенборо: Има надеж во борбата против климатските промени

    Во новата програма на BBC “Климатски промени – факти”, познатиот британски водител и љубител на природата Дејвид Атенборо, говори за размерите на кризата со која…

  • Фондацијата Отворено општество – Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка

    Фондацијата Отворено општество – Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка

    Стратешка определба на Фондацијата Отворено општество – Македонија е поддршката на државните реформи во повеќе клучни области кои се од стратешка важност за Фондацијата, вклучувајќи…