6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПриходите на 20-те најбогати клубови минаа над 5.4 милијарди евра, Реал останува...

Приходите на 20-те најбогати клубови минаа над 5.4 милијарди евра, Реал останува на врвот

rm prihodi

Вкупните приходи на 20-те најбогати клубови во светскиот фудбал надминаа 5,4 милијарди евра за минатата сезона, покажуваат податоците во рангирањето „Football Money League“ на „Делоит“. Тоа е раст од над 400 милиони евра или 8 проценти.

Реал Мадрид останува на чело на листата веќе деветта година по ред. Приходите на клубот од „Сантијаго Бернабеу“ се 518.9 милиони евра. Минатата година „кралевите“ станаа првиот тим кој ја поминал границата од 500 милиони евра.

Деталната анализа покажува дека во Реал приходите од стопанска дејност се зголемија за 7,8 милиони евра или на 211.6 милиони евра, а кај оние од телевизиските права растот е со 5.7 милиони евра или 188.3 милиони евра.

Реал останува убедливо на чело на табелата, иако на крајот на минатата сезона клубот остана без освоен трофеј.

„Покрај сложената економска ситуација, особено во Шпанија, способноста на клубот да генерираат значителни приходи – како дома, така и на меѓународен план е коренот на овој успех“, рече Дан Џонс од „Делоит“.

Втор клуб во рангирањето останува Барселона со приходи од 482.6 милиони евра. Европскиот клупски шампион Баерн влегува во тројката со 431.2 милиони евра. „Баварците“ забележаа раст од 62.8 милиони евра, кој се совпаѓа со нивната успешна сезона.

Манчестер Јунајтед се најде на четвртото место со 423.8 милиони евра. Следат богатите ПСЖ и Манчестер Сити (316.2 милиони евра), а приходите на Французите скокнаа од 220.5 на 398.8 милиони евра.

Во десетката се најдоа уште два англиски клуба – Челзи (303.4 милиони евра) и Арсенал (284.3 милиони евра) , како и италијанските Јувентус (272.4 милиони евра) и Милан (263.5 милиони евра).

Фенербахче, Рома и Атлетико Мадрид се новите членови во 20-те клуба со највисоки приходи во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП