6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Шпанија над 26 %

Невработеноста во Шпанија над 26 %

shpanija4

Невработеноста во Шпанија во последниот квартал од 2013 година надмина 26 проценти, бидејќи четвртата најголема економија во еврозоната само што започна да излегува од рецесијата.

Невработеноста во Шпанија во последните три месеци минатата година се зголеми на 26,03 од 25,98 проценти од претходниот квартал, соопшти шпанскиот Национален институт за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

По двете длабоки рецесии во последните пет години, Шпанија дури во третиот квартал од 2013 година зпочна да покажува знаци на економски раст, но тој не беше доволен за да се поттикне отворање на нови работни места.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) неодамна порача дека Шпанија би можела да се соочи со пет последователни години во кои невработеноста ќе биде повисока од 25 проценти, освен ако таа земја под итно не спроведе дополнителни реформи, вклучувајќи ги мерките кои би им помогнале на компаниите да ја намалат платата на вработените, а не да ги отпуштат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП