14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја задржа прогнозата за Франција

ММФ ја задржа прогнозата за Франција

parizfrance1

Меѓународниот монетарен фонд ја задржа прогнозата за економскиот раст на Франција.

ММФ предвидува раст од 0,9 проценти на бруто домашниот производ во 2014 година, додека на глобално ниво ја ревидираше својата оценка, на 3,7 проценти, по растот од три проценти во 2013 година.

ММФ ја зголеми прогнозата за растот на светската економија за прв пат во последните две години, бидејќи во изминатиот период поради влошувањето на активноста во повеќе наврати беше приморан да ја намали оценката за идните движења во економијата.

За Франција прогнозата останува непроменета, односно 0,9 проценти во 2014 година и 1,5 проценти во 2015 година, иако „политичката неизвесност“ го оптеретува економскиот раст, изјави главниот економист на ММФ, Оливиер Бланшар, пренесува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП