3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена невработеноста во Велика Британија

Намалена невработеноста во Велика Британија

velikabri1

Невработеноста во Велика Британија во три месеци заклучно со ноември минатата година е намалена за повеќе од она што беше очекувано, на 7,1 проценти, покажаа официјалните податоци во Лондон.

Стапката на невработеност во три месеци заклучно со октомври минатата година изнесуваше 7,4 проценти, наведува британскиот Завод за статистика, додавајќи дека постојат бројни сигнали дека економското закрепнување зема замав, пренесува агенцијата Франс прес.

Банката на Англија наведува дека ќе го разгледа намалувањето на клучната каматна стапка на рекордниот минимум од 0,50 проценти кога невработеноста ќе се намали под седум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП