26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионална конференција „Англиски јазик и вашиот бизнис”

Регионална конференција „Англиски јазик и вашиот бизнис”

obrazovanie-biznis

Британски совет во Македонија денеска организира регионална конференција за англискиот јазик во бизнисот, на тема „Англиски јазик и вашиот бизнис”, која ќе се одржи во „Музејот на македонската борба за државност и самостојност” во Скопје.

Целта на конференцијата е официјална промоција на нова и иновативна глобална алатка за оценка на познавање на англискиот јазик „Аптис“, која претставува меѓународен тест со кој прецизно се оценува способноста и јазичното ниво на кандидатите кои се пријавуваат на ова тестирање.

Како што е најавено, на конференцијата ќе се обратат Кристофер Ивон, британски амбасадор во Македонија, Елеонора Запрова, директорка на Британски совет во Македонија, Ендру Мекензи, директор на одделот за тестирање, Британски совет, Лондон Ник Кендал, раководител за испитна дејност во Западен Балкан, Британски совет, Белград.

Овој релативно нов метод на оценување, од 2012 година се спроведува во над 50 земји низ светот, а Британски совет годинава првпат ја вклучува Република Македонија на глобалната листа на земји каде се врши „Аптис“ тестирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП