11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБафет ќе ви даде една милијарда долари ако...

Бафет ќе ви даде една милијарда долари ако…

F

Американскиот милијардер Ворен Бафет ќе му поколони една милијарда долари на лицето кое ќе ги погоди победниците на сите натпревари од кошаркарскиот шампионат „NCAA“, пренесува весникот „24 часа“.

Имено, Бафет во соработка со компанијата „Quicken Loans Inc“ понудил една милијарда долари за она лице кое точно ќе го погоди победникот на сите натпревари на овогодинешниот турнир на американската универзитетска кошарка (NCAA).

Компанијата „Quicken Loans Inc“ наведува дека парите ќе ги добие оној кој ќе успее без грешка да ги погоди победниците на 63 натпревари во овогодинешниот „NCAA“ натпревар.

Оваа задача, сепак, не е толку лесна, бидејќи на турнирот учествуваат голем број на екипи и изненадувањата во резултатите од натпреварите не се реткост.

Кулминацијата во ова многу омилено натпреварување во САД е во последните натпревари, нарачени „мартовско лудило“. Оваа година последните натпревари ќе бидат одиграни од 18 март до 7 април.

Во ова погодување на натпреварите можат да учествуваат првите 10 милиони луѓе кои ќе се пријават од целиот свет. Победникот, ако воопшто постои, може да одбере дали парите сака да ги подигне на 40 рати од по 25 милиони долари или одеднаш, во кој случај сумата ќе биде само 500 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП