24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Косово достигна 40 отсто

Стапката на невработеност во Косово достигна 40 отсто

pris

Во последниот извештај на Светскате банка е наведено дека стапката на невработеноста во Косово достигнува 40 отсто, а не 30 проценти како што тврди Владата во Приштина, јави дописникот на МИА.

Овој процент на висока невработеност не се намалил во текот на целиот мандат на актуелната Влада, оценува Банката.

Од друга страна пак, само 23 отсто од работоспособното население во Косово е вработено, што претставува најниска стапка на вработеност во цела Источна Европа и Централна Азија.

Во својот извештај Светска банка, потврдува, исто така, дека Косово е во најлоша ситуација во регионот и од други аспекти – висока сиромаштија, мал број нови бизниси и најниски приходи споредено со која било друга земја.

По објавувањето на извештајот за ваквата ситуација, се огласија опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), кој нагласи дека партијата и претходно предупредувала на ваквата состојба.

– Ги презентиравме овие факти, но не демантираат со лаги за успеси, манипулирајќи со бројки. Проблемот лежи во тоа дека од доаѓањето на власт на Демократската партија, економската ситуација се влоши. Оваа Влада нека се замисли за штетите кои и ги предизвика на земјата, оцени ЛДК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП