25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackberry ќе распродава имот

Blackberry ќе распродава имот

blackberry_hq

Повеќето згради на канадската компанија „Blackberry“ ќе бидат продадени. Тоа го соопштија од самата компанија.

Со ваквиот потег, компанијата сака да земе финансиски воздух, објаснува новиот извршен директор Џон Чен. Тој сепак не рече сепак колку ќе спечали компанијата од продажбата на зградите во Канада.

Во изминатава година „Blackberry“ повторно запиша огромни финансиски загуби. Телефоните на компанијата заостануваат многу назад во продажбата во споредба со оние на американскиот конкурент „Apple“ и јужнокорејскиот „Samsung“.

Чен сепак сака да ја ориентира продажбата првенствено кон бизнис клиенти. Но обновата на компанијата ќе потрае подолго време, а извршниот директор вели дека дури во 2016-та година компанијата ќе се врати кон растот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП