2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарање работа во Германија и барање дозвола за престој

Барање работа во Германија и барање дозвола за престој

rabota-ger

Квалификувани работници

Од 1 јануари 2005 година со влегувањето во сила на новиот Закон за имиграција, на странците им е потребна само дозвола за престој, која им дава право да работат, а не посебна дозвола за престој и работа одделно. Неопходно е да се побара и да се добие дозвола за престој и работа пред да се влезе во Германија во германскиот конзулат или во германската амбасада во вашата земја.

 

Постапка:

Барањето за дозвола за престој (која овозможува пристап до пазарот на трудот ) кандидатот ја добива во германската амбасада во земјата каде што живее .

Амбасадата го пренасочува барањето до службата за имиграција ( Auslaenderbehoerde ) во местото на вработување, а таа му дава иницијално одобрување. Службата за имиграција одлучува во соработка со локалната служба за вработување ( Arbeitsamt ) која ја издава дозволата.

Доколку апликацијата на кандидатот е одобрена, Амбасадата му дава работна дозвола.

При доаѓањето во Германија на странски државјанин, и доколку ги има, членовите на неговото семејство мора да побараат дозвола за престој во локалната канцеларија за имиграција ( Auslaenderamt ).

 

Услови:

За да се квалификува одреден кандидат за германска работна дозвола, работникот и германската компанија мора да ги задоволат следните основни барања:

Странецот мора да биде вработен под исти услови како и германските вработени.

За работната позиција не може да се најде ниту германски работник ниту работник од некоја од земјите на ЕУ.

Вработените обично мора да имаат универзитетска диплома или квалификација која одговара за работното место. За некои работни места постојат и други посебни барања / услови.

Германската компанија мора да биде регистрирана во локалното биро за работа и да побара регистарски број за компанијата.

 

Барање за дозвола за престој (пристап до пазарот на трудот )

 

За да аплицирате за дозвола за престој потребно Ви е следново:

Да испратите барање минимум три месеци пред поаѓањето.

Три примероци од оригиналниот образец за барање на дозвола за престој, и истото да биде пополнето на бараниот јазик на германското претставништво во вашата земја.

Три биометриски слики со големина прикажана на барањето.

Пасош кој ќе биде со важност најмалку 10 месеци од датумот на поаѓање во Германија, со две празни страници.

 

За високо квалификувани и квалификувани лица:

Договор за работа со германската компанија.

Доказ за образовни и професионални квалификации преведени на германски јазик.

 

Дополнителни информации се достапни на следниве веб страници:

http://www.bamf.de/EN/Startseite/startseite-node.html

www.auswaertiges – amt.de

http://www.bundesregierung.de/Webs/Breg/EN/Homepage/_node.html;jsessionid=AACFF1FD52D4E1EF2677EE67F6773FE2.s2t1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП