26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд Кочани конектори и кабли од „Амфенол“ за странство

Од Кочани конектори и кабли од „Амфенол“ за странство

kocani1

Шест милиони евра и нови 1.500 вработувања е бенефитот кој ќе го добие општина Кочани во следните неколку години благодарение на инвестицијата од американската компанија „Амфенол“ која отвори погон за производство на делови за автомобили.

Оваа голема инвестиција за кочанското стопанство беше тема на денешната средба меѓу градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски и генералниот директор Џон Тренор.

– Новата инвестиција за кочанското стопанство значи многу. Додека компанијата изгради сопствени простории ќе ги користи просториите на „Атом“ кои долги години стојат неискористени. Оваа браунфилд инвестиција ќе значи и вработување на невработени лица од Кочани и соседните градови, нешто за кое се залага и општината и Владата, истакна на средбата градоначалникот Ратко Димитровски.

Џон Тренор, директор на компанијата „Амфенол, информира дека во компанијата ангажирале 70 лица, а годинава е планирано да се вработат од 250 до 350 лица.

– Производството на конектори и кабли за автомобилската индустрија ќе значи многу за компанијата,бидејки одовде од Македонија ќе се врши извозот и снабдувањето на европскиот пазар, истакна Тренор.

Одлуката за инвестирање во Македонија според Тренор е донесена врз основа на големиот број можности што ги нуди земјава, добрата квалификувана работна сила, поддршката од Агенцијата за странски инвестиции, но најмногу врз основа на погодната бизнис клима.

Анфенол е компанија лидер во производството на интерконекциски производи за автомобилската индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП