10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAргентина го ограничи он-лајн купувањето поради намалените девизни резерви

Aргентина го ограничи он-лајн купувањето поради намалените девизни резерви

argentina1

Владата на Аргентина усвои нов пакет мерки за ограничување на купувањето преку интернет од странство, како и на другите трансакции надвор од земјата, поради големиот пад на државните девизни резерви.

Со новите мерки, Аргентинците не ќе може да ги примаат дома предметите што ги нарачеле од странство преку некоја од меѓународните компании за он-лајн купување, туку само преку аргентинската царина, каде ќе пристигнуваат сите нарачки од странство.

Секој што направил нарачка во странство ќе мора да пополни декларација пред царинските власти и тоа ќе мора да го прави при секое следно купување во странство.

Аргентиците сега имаат право да нарачаат некаков предмет или производ преку интернет, без да платат данок, само до 25 долари годишно. На секоја следна нарачка, без разлика на цената, тие ќе мора да платат 50 отсто данок.

Посебна такса од 35 отсто ќе се плаќа и за секоја направена трансакција со странство со кредитна картичка, со цел да се ограничи одливот на девизите од Аргентина.

Само минатата година девизните резерви на земјата се намалени за цели 30 отсто. Тие сега изнесуваат 30 милијарди долари, што е најмал износ од 2006 година.

Ваквата одлука на Владата на претседателот Кристина Кирхнер во Буенос Аирес се оценува како доказ за повторното враќање на земјата во економска криза по неколкуте стабилни години.

Аргентина на двапати во изминатите децении се соочуваше со економски крах и со огромна инфлација, кои предизвикуваа и политички бранувања. Повеќе од една година земјата се соочува со инфлација која се движи над 20 отсто, а сегашната стапка на инфлација се проценува дека е над 25 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП