23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолговите на земјите од еврозоната сеуште над лимитот

Долговите на земјите од еврозоната сеуште над лимитот

evrozona3

Нивото на јавниот долг во земјите од еврозоната се намали во третиот квартал минатата година за прв пат од 2007 година, но и понатака останува над лимитот од ЕУ.

Вкупниот долг на 17 земји кои тогаш ја сочинуваа еврозоната е 92,7 проценти од нивниот бруто домашен производ (БДП), во однос на 93,4 проценти од претходниот квартал, наведува Европскиот завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Лимитот за јавниот долг во ЕУ изнесува 60 проценти од БДП, но многу членки на Унијата го надминаа, особено кога владите се здружуваа за да ги финансираат економските стимулации или пополнувањето на дупките во буџетот во текот на должничката криза.

Во третиот квартал од 2012 година, јавниот долг на еврозоната изнесуваше 90 проценти од БДП.

Земјите со највисок јавен долг на крајот на третиот квартал од минатата година беа Грција (171,8 проценти), Италија (132,9 проценти), Португалија (128,7 проценти) и Ирска (124,8 проценти). Естонија има најнизок долг од само 10 проценти од БДП.

На ниво на 28-члената ЕУ, јавниот долг во третиот квартал се зголеми на 86,8 од 86,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП