7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМекДоналдс: Не сме затаиле данок во Франција

МекДоналдс: Не сме затаиле данок во Франција

McDonalds Sales

Американскиот ланец на ресторани за брза храна, „МекДоналдс“ ги отфрли обвинувањата од страна на француските медиуми дека даночните власти на таа земја се сомневаат дека тие се обиделе да го избегнат плаќањето на даноци.

Медимите пренесоа дека станува збор за 2.2 милијарди евра приходи од 314-те ресторани во Франција.

Весникот „Експрес“ објави дека полуларниот „Мек“ од 2009-та година оваа сума ја пренасочил кон своите швајцарски и луксембуршки филијали, избегнувајќи да плати данок на профит во Франција.

„Експрес“ пишува дека загубата на Франција ќе биде неколку стотини милиони евра, истакнувајќи дека даночните власти во октомври го пребарале седиштето на „МекДоналдс“ во таа земја.

Американската компанија ги отфрли пишувањата на овој весник, истакнувајќи дека работат според законите на Франција и дека нејзините ресторани во таа земја ги плаќаат даноците.

„Плативме милијарда евра во име на данок од 2009-та“, истакуваат од „МекДоналдс“, но сепак потврдија дека во октомври добиле барање од француските власти да дадат одредени информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП