17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемиот саем во Кина пред македонските компании

Најголемиот саем во Кина пред македонските компании

stopanskakom668777777

– Стопанската комора на Македонија и Кинескиот центар за надворешна трговија денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе им овозможат на нашите компании привилегирани услови за учество на најголемиот кинески саем за широка потрошувачка „Кантон 2014“.

Саемот што традиционално се одржува од 1957 година во Гуангжу, има 1,1 милион метри квадратни изложбен простор и над 55.000 штандови. Брои учесници од 210 земји во светот, а промовира преку 150.000 различни производи, традиционални, лесна индустрија, текстил, висока технологија,…

– Сакаме да видиме што повеќе македонски компании на Саемот преку кој ќе се промовираат во Кина и низ целиот свет. Македонија има што да покаже и понуди. Позната е по своите земјоделски производи, особено по виното кое е многу популарно, изјави директорот на Кинескиот центар за надворешна трговија Ванг Жипинг пред потпишувањето на Меморандумот и презентацијата на „Кантон 2014“ во Комората.

Секоја година, додаде, на Саемот има посетители од Македонија, но сега, целта е да се зголеми нивниот број, но и да се привлечат учесници.

Кина е седми трговски партнер на Македонија. Досега, наши компании воопшто не учествувале на „Кантон 2014“ кој се одржува двапати годишно.

Со оглед на обемот и големината, „Кантон 2014“ ќе се одржува во неколку фази. На двата павилјона, националниот и меѓународниот, може да се најдат секакви производи, од областа на електрониката, електрични апарати за домаќинство, хардвер, алатки, машини, возила, резервни делови, градежни материјали, опрема за осветлување, хемиски производи, облека, обувки, медицински помагала,…

Како што најави директорот на Кинескиот центар за надворешна трговија, на саемот годинава ќе учествуваат најконкурентните 24.000 кинески фирми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП