29 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Женева е закажана премиерата на Peugeot 308 SW (фото)

Во Женева е закажана премиерата на Peugeot 308 SW (фото)

308 1

Само неколку недели по лансирањето на новиот хечбек модел „Peugeot 308“, францускиот производител на автомобили продолжува со проширување на својот асортиман со претставувањето на новата генерација на компактен караван со моделот „Peugeot 308 SW“.

Премиерното претставување ќе биде одржано на женевскиот авто-саем на 6-ти март 2014-та година и со сигурност можеме да кажеме дека овој модел на сите љубители на возилата на „Peugeot“ ќе им претставува симбол на многубројни задоволства и безгрижни авантури.

308 2

Благодарејќи на новата модуларна платформа – „EMP2“, новиот „308 SW“ ќе биде покомпактен и полесен од својот претходник за 140kg, a капацитетот на багажникот, една од најважните карактеристики на караванот, ќе изнесува дури 610 литри, што „Peugeot 308 SW“ го прави најдобар во овој сегмент.

Ќе ја цените неговата практично и удобност со оглед на тоа дека инженерите на „Peugeot“ особено се погрижија во рамките на димензиите од 4,58 m должина и 1,47m висина да ги задоволат очекувањата на оние кои од големо значење им е пространоста и динамичноста. Тие направија спортски, модерен караван со препознатлив стил, чија едноставна форма го обликува конкретниот и многу јасен простор.

308 3

Подгответе се за целосно интуитивно искуство на возење кое го носи револуционерниот „Peugeot iKokpit“ опремен со компактен волан, екран чувствителен на допир и централна конзола, кои прават нов амбиент и чувство за возачот и патниците. Ќе ве воодушеват префинетите материјали на ентериерот кои се одлично вклопени со аеродинамичкиот екстериер.

308 4

Најдоброто го оставивме за крај, затоа што новиот „Peugeot 308 SW“ има исклучителна заштеда во потрошувачката на гориво, пред се благодарејќи на новите „Euro 6“ бензински и дизел мотори, а тоа што сигурно ќе ве освои се одличните перформанси и лежарност проследени со интезивното чувство на возење.

308 6

По официјалната премиера, продажбата ќе започне во Франција, а во текот на пролетта и во останатите европски земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП